Џим Јонг Ким уште пет години претседател на Светска банка

29

pretsedatel na svetska banka

Педесет и шестгодишниот Џим Јонг Ким доби уште еден петгодишен мандат на чело на Светска банка, пишува New York Times.

Во текот на првиот мандат, Ким ги предводеше реформите што се однесуваа на реорганизација и намалување на бројот на вработени. Од банката велат дека тие мерки овозможиле намалување на административните трошоци за околу 400 милиони долари, па дел од заштедите се пренаменети за одредени програми на СБ.

Една од главните одлуки што беа најзабележителни во текот на неговиот прв мандат беше поврзана со намалување на екстремната сиромаштија во светот до 2030 година.

Ким е роден во Јужна Кореја, но во САД доаѓа како млади и станува американски државјанин. Неговиот нов мандат започнува на први јули 2017 година.