Џо Бајден и Камала Харис избрани за личност на годината според Time

133

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, заедно се прогласени за личност на годината според магазинот Time. Тие се избрани од списокот на финалисти на којшто се наоѓал и неговиот ривал, актуелниот претседател Доналд Трамп.

“И Америка го купи она што го продадоа: по најголемиот број на гласачи кои во еден век излегле на изборите, собрани 81 милион гласови и уште се бројат, најмногу во претседателската историја, победувајќи го Трамп за околу седум милиони гласови со што го променија резултатот во пет традиционално неизвесни земји“, напиша Time.

Трамп, кој е 45-ти американски претседател и личноста на годината според Time во 2016 година, бил меѓу тројцата финалисти кои се натпреварувале оваа година. Меѓу нив имало и здравствени работници кои се борат со пандемијата, како и учесници во движењето за расна правда по убиството на Џорџ Флојд.

Вообичаено Time одбира една личност на годината, но и во минатото имало случаи кога титулата ја понеле повеќе лица. Според магазинот, титулата ја добива оној кој “најмногу влијае на вестите и нашите животи, без разлика дали на подобро или на полошо“.

Time оваа пракса ја има востановено од 1927 година, а тинејџерката Грета Тунберг минатата година беше најмлада што ја добила оваа награда.

Фото: Facebook