Џон Клиз и хуморот во бизнисот

27

john-cleese1

Фото: montypython.com

Џон Клиз стана икона на комедијата во 1970-те со улогите во Летечкиот циркус на Монти Пајтон (Monty Python’s Flying Circus) и Фаличен пансион (Fawlty Towers). Подоцна, паралелно со актерската кариера, заплови во водите на корпоративната едукација, создавајќи видеосеминари во кои ги спојуваше менаџерските мудрости со остриот британски хумор. Сега работи на автобиографија, изведува стенд-ап настапи за да ги покрие трошоците за алиментација и се подготвува за долгоочекуваното, повторно собирање на Пајтоновците по 39 години, што ќе се случи следниот месец во Лондон.

Неодамна во интервју за Harvard Business Review, Џон Клиз рече дека секогаш се залагал за хумор во маркетингот.

“Луѓето кои работат на производот мислат дека тој е нивниот живот, нивната хипотека, образованието на нивните деца. Но, нивните потрошувачи не гледаат на тоа така, па мора да создадете топла и весела атмосфера, за производот да го направите поатрактивен. Всушност, тоа е културолошко прашање. Во Америка директната и незавиена продажба е многу поприфатлива отколку во Британија и во поголемиот дел од Европа”, вели Клиз.

За хуморот во канцеларија, овој Пајтоновец смета дека нема правило. Политичката коректност може да доведе до точка кога луѓето веќе не можат да бидат спонтани. Обично човековото однесување станува тешко затоа што луѓето се самосвесни, а повеќето се губат во таква атмосфера.

“Но, мислам дека е вообичаено ако си опкружен со пристојни луѓе, всушност и не ти требаат правила. Колку се луѓето побескрупулозни и себични, толку повеќе треба правила. Значи, прашањето е дали живееш во здраво или нездраво опкружување”, заклулчува Клиз.