
Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) му го предаде раководството на својата Фондација Отворено општество (ОСФ) на својот син Александар Сорос, објави „Гардијан“.
Џорџ Сорос, кој заработи милијарда долари „обложувајќи се“ против британската фунта, претходно изјави дека не сака неговата фондација да ја преземе ниту едно од неговите пет деца.
Tој го именуваше Александар за директор на една од најбогатите светски филантропски фондации.
„Го заслужи тоа“, рече Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.
Александар (37) рече во интервјуто за „Вол стри џурнал“ дека е „повеќе вклучен во политика“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да ги донира семејните мари на левичарски кандидати во САД.
Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.
Фото: Facebook











