„Дигитален близнак“ ќе предвидува кога автомобилот има потреба од сервис

55

Технологијата за дигитален близнак (т.е. виртуелна копија) ќе помогне да се предвидат барањата за сервисирање на автомобилот врз основа на стилот на возење на секој возач. Развојот е дело на Porsche.

Алгоритмите ќе можат да анализираат комбинација на податоци од вградените сензори и од т.н. „Големи податоци“ за да му препорачаат на возачот кога да побара сервис на возилото врз основа на неговиот личен стил на возење. Системот дури ќе може да ги предвиди грешките пред тие навистина да се случат, забележува Engadget.

Сето ова ќе ги воодушеви механичарите, се разбира, но исто така може да ги заштити потрошувачите – и да им заштеди на трошоци за поправка. Наречен уште „предвидливо одржување“, овој метод овозможува закажување поправки пред да се случи сериозна штета.

Се очекува Porsche официјално да го лансира првиот „дигитален близнак“ во 2022. Ќе се користат само сензорни податоци, соопшти компанијата. Теренските тестови се веќе во тек – околу половина од сопствениците на Taycan волонтираа за пилот-проектот, кој ја следи воздушната суспензија на електричниот автомобил во целосна анонимност. Доколку надмине одредени прагови, возилото му „кажува“ на возачот дека можеби ќе треба да посети работилница.

Дигиталниот близнак ќе овозможи услуга, која зависи од потребите и навиките на секој поединечен возач. Porsche, исто така, обезбедува алгоритми кои помагаат дури и кога автомобилот работи беспрекорно.

На пример, вештачката интелигенција што лежи во основата на системот ќе може да ја одреди точната продажна цена на користен автомобил и исто така ќе му овозможи на производителот да понуди продолжени гаранции врз основа на состојбата на автомобилот.