Дигитализацијата како основа за развој – тема на годинешниот самит на Македонија 2025

8

Дигитализацијата како основа за развој е тема на годинешниот Самит на Македонија 2025, што ќе се одржи во Скопје на 18. ноември годинава. На Самитот ќе се презентираат најновите достигнувања, трендови, вештини и клучните двигатели на развојот во светот како кружната економија, регионалните успешни приказни и младите таленти, низ објективот на дигитализацијата. Ова е дел од концептот за просперитетна иднина на Платформата Македонија 2025 која е базирана на создавање простор за обединување на сите засегнати страни и усогласеност на клучните приоритети за долгорочен развој и за подобра иднина на Македонија.

На настанот ќе присуствуваат преку 25 врвни говорници и 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да се запознаа со последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Дел од говорниците ќе бидат: Марсело Клауре – Главен извршен директор на SoftBank Group International;Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија; Изабела Венг, автор и социјален претприемач за дигитална трансформација; Виле Корпела, футурист и соработник на академијата Dubai Future Academy; Мајлинда Брегу, генерален секретар на Совет за регионална соработка; Василис Монастириотис, Вонреден професор по политичка економија на Европскиот институт и директор за истражување на LSE за Југоисточна Европа и многу други.

Самитот ќе биде организиран во хибридна форма, со публика од околу 100-тина гости во хотелот Мериот во Скопје и бројна онлајн публика од околу 300 гости.

Сите заинтересирани може да се регистрираат на официјалната веб-страна:  https://www.macedonia2025.com/summit-2021/

Меѓународната невладина организација по десетти пат го организира годишниот Самит Македонија 2025 кој претставува динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.