Дигиталната платформа на Blizoo со нови канали

41

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERAКорисниците на услугите од телекомуникацискиот оператор Blizoo од сега ќе можат да бесплатно да ги следат каналите FOX и Planeta Folk. Оние кои го користат HD пакетот пак, ќе добијат уште еден дополнителен канал- Jolly HD.

Исто така каналот FOX на кој се емитуваат холивудски хит-серии, како: Живи мртовци (The Walking Dead), Американска хорор приказна, (American Horror Story), Фамилијарен човек (Family Guy) итн. и ќе го замени каналот FOX Crime.

Planeta Folk е бугарски канал за балканска фолклорна музика, додека Jolly HD е албански канал кој нуди забавна разновидна програмска шема – филмови, забавни емисии и документарна програма.

Покрај 3-те новите бесплатни канали од Blizoo, кој на македонскиот пазар опстојува повеќе од една година, за претстојните месеци најавуваат дополнително проширување на програмската понуда.