Дигиталниот пасош IATA успешно тестиран на летот Сингапур-Лондон

28

Употребата на дигитален пасош (IATA Travel Pass) беше успешно тестиран на меѓународен лет од Сингапур до Лондон, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).

Првите дигитални пасоши на IATA беа тестирани во средата од Singapur Airlines.

Тоа е апликација за управување со здравствени податоци за патувања што ја користат патниците.

“Успешната примена на IATA Travel Pass на летот на Singapur Airlines покажува дека оваа технологија може безбедно, практично и ефикасно да им помогне на патниците и владите да управуваат со здравствените податоци за патувањето. Ова е од неизмерна важност за рестартирање на меѓународните воздушни патувања “, рече директорот на IATA , Александар де Јунијак.

Фото: Pixabay