Дијамант од 709 карати продаден за 6,5 милиони долари во Њујорк

43

untitledГигантски дијамант од 709 карати, којшто беше пронајден во Сиера Леоне, на аукција во Њујорк е продаден за 6,5 милиони долари, пишува BBC.

Дијамантот отиде во рацете на Лоренс Граф, претседател на Graff Diamonds, кој го наречен Peace diamond или Дијамант на мирот.

Половина од парите, односно 3,8 милиони долари ќе бидат искористени за инфраструктурни проекти за заедницата каде што беше пронајден дијамантот. Владата на Сиера Леоне со помош на средствата ќе го снабди малото село Корјарду со чиста вода за пиење, струја, патишта, медицинска помош и училишта.

Дијамантот на мирот, којшто е 14-ти по големина во светот, беше пронајден во март годинава од страна на Емануел Момо, христијански свештеник.