Ултра луксузни рачни часовници кои со своите дијаманти совршено се вклопуваат во блескавата Новогодишна ноќ.
Breguet Les Volants De La Reine
Овој елегантен часовник потсетува на совршено скроена женска тоалета, декорирана со дијаманти и сафири.
Cartier Panthère Ajourée de Cartier Watch
Познатиот пантер симбол на Cartier, ѕирка од бројчаникот на часовникот којшто е изработен од бело злато и дијаманти.
Chopard Green Carpet Collection Watch
Богато обложениот бројчаник со дијаманти, му дава на овој часовник од бело злато гламурозен изглед.
Dior VIII Grand Bal ‘Fil de Soie’
Часовникот од Dior изобилува со дијаманти, а во бројчаникот има “конци” од розова свила кои креираат една магична визија на балски фустан.
Harry Winston Sublime Timepiece
Уникатен цветен дизајн во дијамантскиот часовник на Harry Winston.
Jaeger-Le Coultre Reverso Duetto Classique Haute Joaillerie
Совршено избрусени дијаманти во различни големини, со посебна верзија за ден и ноќ.
Piaget Polo Chronograph
Микс на бело злато, дијаманти и механички систем на навивање. Часовникот ја отсликува моќта на Piaget за две во едно – луксузен часовник и накит.
Raymond Weil Jasmine
Часовник од челик и розово злато, облагороден со дури 113 дијаманти.
Roger Dubuis Velvet Haute Joaillerie
Заоблениот кадифен часовник со рубини на Roger Dubuis изобилува со дијаманти и има автоматски систем на навивање.