Дик Фагус објави конкурс за млади креативци и дизајнери за најдобро дизајнирана дрвена столица

89

drvena-stolica

Компанијата Дик Фагус Македонија ги поканува сите млади креативци и дизајнери да учествуваат на конкурсот за избор на најдобро дизајнирана дрвена столица. Целта на овој конкурс е да се промовираат квалитетните македонски дизајнери локално, но и надвор од Македонија, каде главно ќе се пласираат победничките дизајни.

За првите три најдобри дизајни ќе бидат доделени награди во износ од: 1-во место – 2.000 евра, 2-ро место – 1.000 евра, како и 3-то место – 500 евра.

Сите предлози треба да се испратат преку електронска пошта konkurs@fagus.mk најдоцна до 15 јануари 2017 година. За повеќе информации околу производниот процес, може да прашаат директно на proizvodstvo@fagus.mk или контакт телефон 032/391-567.