Dior и Givenchy ќе произведуваат средство за дезинфекција

297

Конгломератот на луксузни брендови LVMH, што е матична компанија на Christian Dion, Guerlain и Givenchy, сака да им помогне на француските здравствени власти така што ќе произведува течност за дезифенкција на раце што ќе биде бесплатна, пренесува CNN.

Од LVMH велат дека на располагање ќе ги стават сите производни капацитети за парфеми и козметички производи со цел да се произведе поголема количина антибактериски гел.

Овој гел ќе биде испорачан до француските здравствени власти и до мрежа од 39 болници што опслужуваат повеќе од осум милиони пациенти годишно.

“Преку оваа иницијатива, LVMH планира да ја пополни празнината од овие производи во Франција и да им овозможи на поголем број на луѓе да се заштитат од ширење на вирусот“, велат од компанијата.

На овој чекор LVMH се одлучи поради недостиг од средства за дезинфекција во светот.

Фото: Pixabay