Dior претстави два нови луксузни часовника

51

Dior_watches_baselworld_2016
На саемот за часовници и накит Baselworld, што секоја година се одржува во Базел, Швајцарија, модната куќа Dior претстави два нови ексклузивни часовника, пишува Pursuitist.

Настанот важи за идеално место каде производителите можат да ги претстават своите новитети пред голем број на посетители. Така, присутните имаа можност за прв пат да ги видат Dior VIII Grand Bal Piece Unique Ondine и Dior Grand Soir Kaleidiorscope.

Часовникот Ondine е изработен во чест на истоимениот фустан од овој бренд којшто беше преставен за време на модна ревија во 1947 година. Ова ремек дело е украсено со 648 дијаманти, аметисти, сафири и смарагди поставени на бело, розово или жолто злато на бројчаникот од моделот.

Dior_VIII_Grand_Bal_Pièce_Unique_Ondine-800x1384

Подеднакво импресивен е и механизмот Dior Inversé 11½”, што придонесува за неговата издржливост. Часовникот е дел од ограничена серија од која се произведени само 12 примероци. Ременчето е кожно со металик детали или црн сатен.

Grand Soir Kaléidiorscope е декориран со дури 180 детали што потсетуваат на брендот. Истите се олицетворени со скапоцени камења и метали, додека бројчаникот е своевидна експлозија на бои и линии. Часовникот работи на автоматски механизам Elite 681, а произведени се само осум примероци. Моделот е достапен со тексас, црно или сатенско ремче.

Dior_Grand_Soir_Kaléidiorscope-e1458398747448-800x1245