Извршниот директор на американската инвестициска банка, Morgan Stanley, рече дека очекува вработените да се вратат во нејзините канцеларии во Њујорк, поради се поголемиот број вакцинирани во САД.
“Ако можете да одите во ресторан во Њујорк, тогаш можете да дојдете во канцеларијата. И ние ве сакаме во канцеларија“, рече Џејмс Горман, пренесува CNN.
Би бил многу разочаран ако вработените не го најдат патот до канцеларијата до Денот на трудот (шести септември), а потоа ќе имаме многу поинаков разговор“, додаде Горман.
Тој исто така рече дека вработените кои продолжуваат да работат во делови од земјата со пониски трошоци за живот, не треба да очекуваат да продолжат да примаат плати како за големиот град.
“Ако сакате да бидете платени како во Њујорк, ќе работите во Њујорк“, рече Горман.
Сепак, тој додаде дека компанијата нема да дејствува “диктаторски“ и ќе понуди одредена флексибилност во поделбата на работното време помеѓу канцеларијата и домот. Тој исто така спомена дека над 90% од вработените во Morgan Stanley се вакцинирани против Ковид-19 и дека очекува нивниот удел да се искачи на 98 или 99%.
Фото: Freepik