Директор во Ферари ќе инвестира во српски компании?

82

Marmorini-630x300

Директорот за развој на мотори и електроника на Ферари, Лука Марморини, со партнерот СГП, е заинтересиран да го инвестира долгогодишното искуство и капитал во српски компании, јавуваат српските медиуми.

Во разговорите со претставниците на Стопанската комора на Србија, било истакнато дека Лука Марморини, експерт со богато искуство и непосредно практично знаење, посебно е заинтересиран да вложува во фирми од металургијата што се наоѓаат во реструктуирање.

Низ соработката со факултети и компании, Марморини, кој знаењето и искуството ги унапредувал работејќи во познатиот италијански производител на автомобили Ферари, јапонска Тојота и други компании од светско реноме, ќе ги обучува српските инженери и на непосреден начин ќе им го пренесува неговото знаење и искуство.

“Српската стопанска комора ќе пружи полна поддршка на инвеститорот во сите фази, од подготвителните информации за компаниите, преку процедурите и контактите, до експертска поддршка кога се во прашање модалитетите на приватизацијата и нејзината реализација“, вели раководителот на Центарот за поддршка на инвестиции и јавно приватно партнерство, Александар Кемивеш.