Директор зема 5.294 пати повисока плата од вработените

172

Разлика меѓу платите на генералните директори во американските компании и просечната заработка на вработените се зголеми минатата година и покрај пандемијата и напорите да се намали таа разлика.

Просечната плата на директорите на компании што се дел од индексот S&P 500 минатата година била 299 пати повисока од просечната плата на работниците, јавува CNN.

Надоместоците за труд на извршните директори минатата година, во просек, заедно со бонусите, достигнаа ниво од 15,5 милиони долари, што е за 260.000 долари повеќе на годишно ниво во текот на изминатата деценија. Во исто време, просечен работник во производство лани заработил 43.512 долари, е што само за 957 долари годишно повеќе во период од 10 години.

Вкупниот просечен надоместок на раководителите на американските компании се зголеми за повеќе од 700.000 долари во 2020 година во споредба со една година претходно, при што јазот меѓу нивните и работничките плати се зголеми во размер од 264:1, колку што изнесувал во 2019 година.

Генералниот директор со највисоки примања во 2020 година бил Чед Ричисон од компанијата Paycom, којшто прими повеќе од 200 милиони долари на име плата и бонуси. На врвот на листата се најдоа и директорите на: General Electric, Regeneron pharmaceuticals, Hilton, T-Mobile, Nike, Microsoft и Netflix.

Најголема разлика меѓу директорската и работничката плата има во компанијата Aptiv, каде разликата е 5.294:1. Заработката на генералниот директор на компанијата, Кевин Кларк била повеќе од 31 милион долари минатата година, додека просечната плата на вработените била 5.906 долари.

Фото: Pexels