Директорката на ММФ очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година

19

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева денеска на Светскиот владин самит во Дубаи изјави дека очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година.

Очекувам дека каматните стапки од средината на годината ќе тргнат по истиот пат како и инфлацијата, која опаѓа изминатава година, рече Георгиева, пренесува Ројтерс.

Според Георгиева, ММФ е убеден дека светската економија ќе доживее таканаречено „меко приземјување“, додавајќи дека тоа е „сценарио за кое сонувавме“.