Директорката одговорна за ChatGPT предупредува: Вештачката интелигенција може да се злоупотреби

153

Мира Мурати генерален директор за технологија, во „OpenAi“, компанијата која стои зад софтверот „ChatGPT“ е тип на личност која отворено зборува за опасностите од вештачката интелигенција, а во исто време звучи дека сè ќе биде во ред на крајот, пишува Time. Овој софтвер стана многу популарен неодамна поради способноста да одговара на комплексни прашања со речиси човечки вештини. Други компании најавија слични софтвери по неговото излегување во ноември.

Додека некои училишта го забрануваат, Мајкрософт инвестира милијарди долари во него и го интегрира во својот пребарувач Бинг. „Како што беше случајот со претходните револуции, некои работни места ќе се појават, а други ќе исчезнат…“, ноншалантно коментира Мурати во разговорот со Тревор Ноа за влијанието на вештачката интелигенција, „но јас сум оптимист“.

ChatGPT го надмина биткоинот по популарност во јануари, а вниманието му донесе корист на бизнисот на OpenAI. Овој стартап од Сан Франциско вработува 375 вработени и вреди 30 милијарди долари. Во интервју за Time, Мурати нагласи дека компанијата не очекувала таков одговор од публиката и дека биле прилично нервозни поради доаѓањето на ChatGPT на интернет. OpenAI е многу љубопитен за потенцијалот на софтверот и областите во кои ќе биде корисен.

„Со алатки како ChatGPT може бесконечно да разговарате со модел за да разберете концепт на начин кој е создаден за вашето ниво на разбирање. Има огромен потенцијал да ни помогне со персонализираното образование“, објаснува Мурати.

Сепак, таа смета дека има многу проблеми со технологијата кои луѓето треба заедно да ги решат. Важно е да се слушнат различни гласови на филозофи, социолози, уметници и луѓе од општествените науки во решавањето на овие проблеми, според неа.

“Вештачката интелигенција може да биде злоупотребена или да биде искористена од лоши страни. Тука се отвора прашањето за управување на употребата на оваа технологија на глобално ниво. Како да ја управувате употребата на вештачката интелигенција на начин кој одговара со човечките вредности?“ вели таа.

Креаторите на оваа технологија имаат потреба од одредени правила кои би ги доделувале регулаторни тела или владите, додава таа.

Фото: Facebook