Директорката зема за 200 пати повисока плата од работниците

73

Извршната директорка на General Motors, Мери Бара доби пакет вреден 23,7 милиони долари во 2020 година или 9,4% повеќе во однос на претходната година, пренесува Ројтерс.

Во пакетот што го доби Бара има плата од два милиони долари, награда во форма на акции во вредност од 13,1 милион долари, опции во вредност од 3,75 милиони долари и награда за постигнати резултати во вредност од 3,78 милиони долари.

Нејзината основна плата е намалена од 2,1 милион долари во 2019 година, додека наградите пораснаа за 7%, а за постигнатиот резултат дури 38%.

Целокупниот износ што ќе добие Бара е околу 201 пат повисок од просечната плата на вработените во General Motors.

Акциите на автомобилскиот бренд забележаа скок од 13% во 2020 година, достигнувајќи вредност од 41,84 долари. Минатата недела акциите на компанијата достигнаа 56,84 долари, додека пазарната капитализација надмина 81 милијарда долари.

Фото: Pexels