Директорот на Burberry даде отказ – акциите паднаа

69

Извршниот директор на британската компанија Burberry, Марко Гобети, кон крајот на годината си заминува од компанијата и се враќа во родната Италија каде ќе застане на чело на компанијата Salvatore Ferragamo.

По објавувањето на веста, вредноста на акциите на британската компанија паднаа за 8% за еден ден, на тргувањето на Лондонската берза.

Според британските медиуми, Марко Гобети веќе пет години го води процесот на трансформација на Burberry во сериозна модерна компанија, а како професионалец работи 20 години надвор од територијата на неговата земја.

“Burberry сега е на патот до силен раст, затоа чувствувам дека е време да се повлечам“, изјави Гобети.

Од Salvatore Ferragamo соопштија дека тој ќе ја заземе директорската позиција во оваа компанија на почетокот на следната година, “кога ќе бидат завршени неговите договорни обврски на претходното работно место“.

Вредноста на акциите на италијанската компанија се зголеми за 0,2% во изминатите 24 часа. Пред да дојде во Burberry, Гобети 13 години раководеше со францускиот гигант за луксузни стоки LVMH.

Фото: Facebook