Директорот на Дојче банк: Инфлацијата ќе биде висока долго време

73

Извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Севинг, рече дека инфлацијата ќе остане висока долго време, додавајќи дека Европската централна банка (ЕЦБ) треба брзо да се справи со инфлацијата.

Обраќајќи се на банкарска конференција во Франкфурт, Севинг зборуваше за влошената рамнотежа на понудата и побарувачката во глобалната трговија и зголемената инфлација, што беше проследено со зголемена побарувачка за време на пандемијата на коронавирус во еврозоната. Истакнувајќи дека прашањето за високата инфлација е потценето, тој рече дека ЕЦБ треба побрзо да дејствува во борбата против инфлацијата.

„Мислам дека ЕЦБ требаше порано да реагира“, додаде тој.

Највисоко ниво на инфлација во последните 13 години Според податоците објавени претходно оваа недела, инфлацијата во еврозоната достигна 4,1 отсто во октомври, поради зголемените трошоци за енергија, што е највисоко ниво во последните 13 години. Во Германија, годишната инфлација, која во септември изнесуваше 4,1 отсто, во октомври порасна на 4,5 отсто, првпат од 1993 година. Зголемената инфлација беше предизвикана од цените на енергијата, проблемите со снабдувањето и пандемијата на корона вирусот.