
Директорот на француската авиокомпанија „Ербас“, Гијом Фори, денес ги предупреди вработените дека европскиот производител на авиони мора да се прилагоди на новите геополитички ризици, откако компанијата претрпе „значителни“ логистички и финансиски штети минатата година поради американскиот протекционизам и трговските тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Кина.
Во интерно писмо до вработените, кое го виде „Ројтерс“, Фори рече дека почетокот на 2026 година е обележан со бројни „невидени кризи“ и загрижувачки геополитички промени, додека во исто време ја нагласи потребата од солидарност и поголема автономија на компанијата.
Според него, индустриската средина во која работи „Ербас“ е дополнително оптоварена од заострувањето на односите меѓу Вашингтон и Пекинг.











