Директорот на ФБИ предупредува на потенцијалната опасност што можат да ја претставуваат автономните возила

121

Зголемената употреба на автономни возила може да отвори нови начини за напади на терористите, предупреди директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос.

Зборувајќи на панелот за национална безбедност, Вреј отворено рече дека ФБИ гледа на автономните возила како можна алатка за нанесување штета, но и како потенцијално вреден извор на лични податоци што терористите би можеле да ги искористат за свои цели.

Кога зборувате за автономни возила, тоа е нешто за што сите сме возбудени. Но, постојат опасности, кои се повеќе од очигледни и од кои мора да се чуваме, истакна Вреј.

Размислувам за приказна што ја слушнав не многу одамна, за истражувачи кои успеале да го измамат алгоритмот на автономниот автомобил ставајќи парче црна лента над знакот за стоп. Ова предизвика автомобилот да забрза наместо да застане. Тоа е едноставен пример, но ги покажува опасностите за кои треба да размислуваме, истакна Вреј.

Тој додаде дека големата количина на податоци што ги собираат автономните возила е исто така потенцијална опасност.