Директорот на Ford не сака да го води Microsoft

95

ford alanПрвиот човек на Ford, Алан Мелали, кој веќе некое време се споменува меѓу топ кандидатите што треба да го заменат шефот на Microsoft Стив Балмер, потврди дека нема да го напушти произведувачот на автомобили.

“Сакам да ставам крај на шпекулациите околу моето заминување во Microsoft затоа што немам никакви други планови освен да му служам на Ford”, изјавил Мелали за АП.

Тој не потврди дали преговарал со Microsoft околу работата, но спомена дека шпекулациите предизвикале вознемиреност во Ford.

Мелали (68) е на чело на Ford од 2006 година.

Откако Балмер во август соопшти дека ќе се пензионира оваа година, како можни негови наследници се споменуваа Стивен Елоп, директорот на Nokia, поранешниот извршен директор на Skype, Тони Бејтс и извршниот потпретседател на Microsoft, Сатија Надела.