Директорот на „Газпром“: „Наш производ, наши правила“

37

Во сегашните околности стоката е повредна од парите, смета директорот на „Газпром“ Алексеј Милер.

Светската економија доживува глобални промени, при што стоките стануваат повредни од парите, изјави во четвртокот шефот на рускиот државен енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер, додавајќи дека отсега важи ставот „наш производ, наши правила“, пренесе „РТ“.

„Играта на номиналната вредност на парите е завршена, бидејќи овој систем не дозволува да се контролира понудата на ресурси“, рече Милер за време на панел дискусијата на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во четвртокот.

„Наш производ, наши правила. Ние не играме според правила кои не сме ги создале“, додаде тој.

Според генералниот директор на „Газпром“, светската економија поминува низ глобална тектонска промена со нови економски правила.

„Русија ќе ја одреди контурата на новата економска структура на светот“, рече Милер.