Директорот на германската енергетска групација: Високи цени на гасот и струјата уште пет години

139

Маркус Кребер, извршен директор на германскиот енергетски концерн RWE, смета дека високите цени на гасот и електричната енергија ќе останат уште многу години.
Тие цени ќе останат уште три до пет години“, објаснува тој за весникот Süddeutsche Zeitung.

Кребер рече дека е потребно време да се создадеат нови капацитети.

Тој ја поздрави намерата на министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, повторно да ги активира електраните на јаглен со цел да се заштеди гас.

„Секаде каде што може да се префрли на друг извор на енергија, тоа треба да се направи“, подвлече тој.

Според него, намалувањето на испораките на гас од Русија веќе има негативни последици.

„И добиваме очигледно помалку од договорената сума“, рече шефот на RWE, додавајќи дека концернот затоа мора да купува гас по јасно повисоки цени на пазарот.

И покрај тоа што не верува во продолжување на последната нуклеарна централа во Германија подолго од крајот на оваа година, Кребер посочува дека RWE планира да ги прошири рудниците за јаглен Garzweiler 2.