Директорот на ИЕА: Претстојната зима ќе биде многу тешка за Европа

77

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) оценува дека светот никогаш не видел толку далекусежна и сложена енергетска криза.

Директорот на ИЕА Фатих Бирол денеска истакна дека најлошото можеби сè уште не е видено.

„Снабдувањето со енергија може да има сериозни последици за светската економија. Претстојната зима ќе биде многу, многу тешка во Европа“, рече директорот на ИЕА Фатих Бирол на енергетскиот форум во Сиднеј.