Директорот на Stellantis: Поевтини електрични автомобили нема да дојдат од Европа?!

63

Понудата на евтини електрични автомобили во Европа брзо ќе расте. Но, тешко е да се очекува дека тоа ќе бидат автомобили кои ќе доаѓаат од Европа, според шефот на Stellantis, Карлос Таварес. Недостатоците во структурата на трошоците во споредба со Кина и другите земји се непремостлива разлика. На симпозиумот CAR во Бохум, Германија, директорот на четвртата по големина автомобилска компанија во светот вети модел на концернот кој ќе чини помалку од 25.000 евра. Најевтиниот електричен модел на групацијата моментално е Fiat 500, мал автомобил кој чини околу 30.000 евра. Stellantis во своето портфолио ги има Opel, Peugeot, Fiat и Jeep.

Таварес ги спомнува трошоците за кои верува дека се превисоки за индустријата во Европа: тие ќе го носат ризикот автомобилската индустрија да се исели. Европа тогаш ќе се трансформира од индустриска локација во место за кинески и американски туристи. Тој не смета дека решението е протекционизмот или враќањето на увозот од земјите со ниски плати. Наместо тоа, Европа мора да ја прифати конкуренцијата – и да работи понапорно, или барем попаметно.