Dispatchwork – со Lego коцки се пополнуваат пукнатините во старите ѕидови

137

lego zid

Проектот Dispatchwork на германскиот уметник Јан Ворман ги инкорпорира уметноста и најпопуларните детски играчки – Lego.

lego zid 1

Станува збор за проект којшто ги користи Lego коцките и ги пополнува пукнатините во старите ѕидови. Досега на мапата на Dispatchwork се најдоа 30-тина градови меѓу кои Тел Авив, Берлин, Амстердам, Цирих, Њујорк, Базел, Барселона. Од земјите во регионот уништените ѕидови добија ново руво со Lego коцки во Белград, Сремски Карловац, Љубљана, Софија и Пловдив.

lego zid 2

Целта на Ворман е да го промени лицето на урбаната инфраструктура и да му даде ведрина, динамика и боја на вообичаеното сивило, но и да ги поттикне случајните минувачи.

lego zid 3

Ведрите и силни бои на Lego коцките ги прават уште повпечатливи фасадите на различни објекти во градовите.

lego zid 4