Дивиденда за акционерите на Цементарница Усје

410

Цементарница Усје донесе предлог одлука за распределба на добивката остварена по годишната сметка и финансиските извештаи за 2020 година.

Цементарницата минатата година оствари добивка од 1.523.203.857 денари.

“Согласно Одлуката донесена од Одборот на директори бр. 02-666 од 19.11.2020 година, се исплати аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2020 година во износ од 1.135.460.976 денари, а врз основа на одобрените поединечни законски финансиски извештаи за 30 септември 2020 година и за периодот од девет месеци којшто завршува тогаш“, стои во предлог одлуката.

Реинвестираната добивка од 2015 година која може да се распредели во 2021 година изнесува 140.361.540 денари.

Добивката од 2020 година по исплатата на аванс на дивиденда која ќе се задржи за инвестирање во 2021 година изнесува 305.973.525 денари.

Вкупниот преостанат износ за распределба на дивиденда на акционерите по исплатен аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2020 година, изнесува 222.130.896 денари односно 394 денари за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 08.06.2021 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2021 година е 09.06.2021 година.

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 10.06.2021 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30.09.2021 година.