Дизајнер создаде стол од биолошки влакна

53

chair-2Фото: jinkuramoto.com

Јапонскиот дизајнер Јин Курамото создаде стол од биолошки материјал. Иако е тешко само неколку килограми столчето е многу цврсто.

Дизајнот беше презентиран на саемот за мебел во Стокхолм и беше прогласен за најдобар производ на изложбата. Креирањето на столчето следува по долгогодишно истражување на дизајнерот чија цел била е да направи предмет што во целост ќе биде изработен од биолошки материјали.

Курамото се надева дека оваа иновација ќе ги мотивира и другите дрвни инженери и дизајнери наместо да произведуваат мебел од дрво, да ги искористат и алтернативните растенија.