Дизајнерите кажаа – Oва се среќните бои за 2020 година

57

Секојдневно читаме совети како годината пред нас да ја направиме подобра, посреќна, побогата, а ако не знаевте во тоа може да ви помогнат и одредени бои. Како што најавија светски дизајнери за ентериери, најпопуларна боја за 2020 година кога станува збор за уредување на домот е со мистериозен назив ‘прва светлост’ (First Light).

Станува збор за нежна нијанса на розова боја, а препорака е со неа да ги обоите ѕидовите. Носи среќа и напредок, вели Хана Јо, менаџер за бои и дизајн во компанијата Benjamin Moore & Co.

Pantone, американска компанија со седиште во Њу Џерси, којашто го патентираше Пантон колоритниот систем (Pantone Matching System), ја најави сината боја за среќна боја во 2020 година. Освен што смирува и го намалува стресот, оваа нијанса би требало да ја зголеми концентрацијата и изостри умот.

Освен оваа боја, препорака е да не ја заборавите и белата боја. Сино – белата комбинација носи просперитет и среќа.

Фото: Pexels