Дизел е во Tренд кампања на Ми-Да Гранд Моторс

27

Pano-4x4_salon_DIESEL_1Според последните статистички податоци на Сојузот на стопански комори на Македонија, до август 2013 година Македонците најмногу купувале германски автомобили.

Од вкупно продадените возила во Македонија во 2013 година, дури 35% се од германски производители, двојно повеќе од вториот производител на листата, со што јасно се заклучува дека германските брендови во Македонија се најпосакувани.
Во поглед на техничките карактеристики, кога станува збор за изборот на горивото, 65% од македонските купувачи во 2013 година одлучиле да возат дизел автомобил, додека 47% избраа автомобил со зафатнина на мотор помеѓу 1500 и 2000cc3. Според каросериската изведба, 21% од севкупната индустрија се одлучиле да набават мал автомобил, а 35% од населението преферира да вози компакт автомобил.
Токму во овој правец, слушајќи ги потребите и желбите на купувачите, компанијата Ми-Да Гранд Моторс, ексклузивниот импортер за Ford во Македонија, од овој месец започнува кампања која го носи името “Дизел е во Tренд”. Кампањата е димензионирана според преференциите и потребите на македонските купувачи.

Од Ми-Да Гранд Моторс велат: “Ford е тој кој што на народот континуирано му обезбедува доверлив, безбеден и економичен автомобил. Но тука не завршува нашата мисија… Покрај одличен сервис и грижа кон нашите корисници, вие добивате и цел тим професионалци на ваша страна кои беспрекорно ќе се грижат и по пет годишниот гарантен период. Она што исто така е важно е дека овојпат потрошувачите  ја изградија нашата понуда!”
Германски квалитет, економичен дизел мотор и соодветното ниво на опременост се карактеристиките кои се во центарот на новата кампања. По поволни цени заинтересираните можат да изберат Fiesta, Focus или Mondeo со Trend ниво на опременост и дизел мотор, затоа што сега, дизел е во тренд.