Дизелот Еуродизел (Д – Е V), бензинот Еуросупер БС – 95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) од полноќ поевтинуваат за половина денар, додека цената на Еуросупер БС – 98 останува иста, стои во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 63 денари, додека бензинот Еуросупер – БС 98 и во следните две недели ќе се продава по 65 денари за еден литар. Новата цена на Еуродизел (Д – Е V) ќе биде 51 денар за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе биде 39,50 денари за еден литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,421 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.10.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,287 ден/кг.