Цената на дизелот од ноќеска се намалува за еден денар, додека цените на бензините остануваат на исто ниво, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините не се менуваат, па така ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77 денари за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар за литар и новата цена ќе биде 64,50 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,091 ден/кг и изнесува 38,752 ден/кг.