Дизелот поевтин за половина, бензините за еден денар

47

benzinska-pumpa-

Ново намалување на цените на горивата од ноќеска најави Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 се намалуваат за еден денар и со тоа цените ќе бидат 73, односно 75 денари за литар.

Цената на дизел горивото се намалува за половина денар и ќе се продава за 62,50 денари за литар, додека намалување од половина денар има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ -1) и цената ќе биде 51 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М – 1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и изнесува 34,835 ден/кг.