Дизелот поскапува, бензините со иста цена

131

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, какошто била утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати
и горива за транспорт од 01.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит, додека малопродажната цена
на Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит.