Дизелот поскапува за 3,50, а бензините за 2,50 денари

32

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 поскапуваат за 2,50 денари за литар, па новите цени ќе им бидат 61, односно 63 денари. За 3,50 денари поскапува и дизелот (Д-Е V), па ќе се продава по 58,50 денари за литар. За исто толку се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, што ќе чини 47,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,573 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 29,522 ден/кг.