Фото:Pixabay
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,57%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се
зголемуваат за 0,50 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,682 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,720 ден/кг.