Дизни ги купува ЛукасФилм и “Војна на ѕвездите”

52

Американската корпорација Дизни ја купува продуцентската куќа ЛукасФилм чиј основач е режисерот и сценарист Џорџ Лукас, за 4,05 милијарди долари.

Во зделката се вклучени и правата врз култната франшиза Војна на ѕвездите (Star wars), а Дизни планира да сними уште три дела, епизода седум во 2015, а осум и девет на секои две до три години.

“Изминативе 35 години, најголемо задоволство ми беше да гледам како Војна на ѕвездите се предава од генерација на генерација. Време е да ги предадам на новите генерации филмаџии”, изјави Лукас, кој останува како креативен консултант на новите епизоди.

ЛукасФилм заработува 215 милиони долари годишно во форма на приходи од различни стоки поврзани со Војна на ѕвездите. Очекувањата на Дизни се оваа сума да се зголемува во следните години.

Џорџ Лукас го основа ЛукасФилм во 1971 година, а првиот филм Војна на ѕвездите беше пуштен 1977 година.