Џенерал Моторс за прв пат продаде повеќе ЕВ и хибриди отколку класични возила во Кина

100

Џенерал моторс (GM) продаде повеќе електрични возила и plug-in хибриди од конвенционалните бензински автомобили во Кина за прв пат во третиот квартал. Американската компанија продаде повеќе од 426.000 возила во трите месеци до септември, при што електричните автомобили и хибридите сочинуваат 53 отсто од вкупната продажба.

Сепак, вкупната продажба паднала за 21 отсто во споредба со истиот период минатата година. Повеќе од три четвртини од испорачаните возила потекнуваат од заедничкото вложување на GM со кинеските компании SAIC Motor и Wuling Motors, кои се специјализирани за компактни електрични возила. Продажбата на брендовите Buick, Cadillac и Chevrolet била под 100.000 единици, пишува Bloomberg.

Брзата транзиција на Кина кон електрични возила и силната конкуренција меѓу домашните производители на автомобили негативно влијаеше на продажбата и профитабилноста на странските производители, вклучително и GM. Компанијата во првата половина од годината забележа загуба од 210 милиони долари на кинескиот пазар, додека во периодот од 2014 до 2018 година оствари годишни приходи од околу 2 милијарди долари.

Падот ја принуди GM да ја преиспита својата стратегија во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, и да ги намали трошоците со отпуштање работници и намалување на производството. Претседателот на GM China, Стив Хил, рече дека компанијата презема чекори за повторно да стане профитабилна во Кина, фокусирајќи се на зголемување на продажбата и контрола на трошоците.