Џенсен Хуанг најави инвестиции од 2 милијарди долари за Европа

Извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, најави планови за инвестирање 2 милијарди долари во европски проекти за време на неговата посета на регионот, која вклучуваше и средба со францускиот претседател Емануел Макрон, објави Bloomberg.

Новата инвестиција се надоврзува на 8 милијарди долари што компанијата ги вложила на европскиот континент во текот на изминатата година, изјави Хуанг. Тој најави и ново финансирање за француските стартап-компании „Doctolib“, „Genesis AI“, „Pigment“ и „Entalpic“.

Хуанг, чија компанија е најголемиот производител на чипови за вештачка интелигенција, вети инвестиции во вредност од стотици милијарди долари ширум светот со цел да ја забрза примената на AI-технологијата и да ја зголеми побарувачката за своите производи.

„Европа мора да се вклучи во трката“, изјави Хуанг на настан во Париз.