Дневни ритуали за подобра фокусираност

30

fokus

Фото: Pexels

Истражувањата покажаа дека ритуалите не мора да бидат големи, формални и јавни за да бидат ефективни. На пример: Запишување на негативните емоции на лист хартија може да го намали чувството на вознемиреност и гнев.

Питер Брегман, извршен директор и автор на книгата 18 Minutes: Find Your Focus, Master Distraction, and Get the Right Things Done, препорачува да го примените едноставниот ритуал од три дела за да го зголемите фокусот.

Утро

Секое утро, првите 5 минути се посветени на поставување на приоритетите. Пред да почнете со работа, одвојте време да ја погледнете листата со работи што треба да ги направите. Проверете дали има работи што повеќе од три дена не сте ги завршиле и вметнете ги во дневните обврски или избришете ги од листата.

Средина

Веќе ги имате поставено дневните цели, но агендите се поместуваат од временските рамки, па затоа треба да проверите до каде сте со извршување на задачите. Одвојте осум минути од денот за да видите дали се движите по регуларните интервали. Наместете го часовникот или телефонот да ѕвони на еден час и потоа земете длабоко воздух и запрашајте се дали бевте продуктивни. Потоа погледнете на календарот за да видите што треба да направите следниот час. Менаџирајте го денот, од час во час.

Крај

На крајот од денот посветете 5 минути да направите ретроспектива на денот одговарајќи на овие прашања:

  • Како помина денот?
  • Каков успех доживеав?
  • Со кои предизвици се соочив?
  • Што научив денес, за себе и останатите?
  • Што ќе направам различно или исто утре?
  • Со кого комуницирав во текот на денот?

Доколку ги примените овие три чекори и станат ваши дневни ритуали, за 18 минути ќе имате поголем фокус и ефективност во работењето.