До 2025 сите нови модели на Daimler ќе бидат само со електричен погон

41

Германската компанија Daimler, производител на Mercedes Benz, денеска соопшти дека од 2022 година планира да инвестира повеќе од 40 милијарди евра во развој на електрични возила, со цел до 2030 година да биде подготвена за пазарот со целосно електрични автомобили.

Компанијата планира да отвори осум фабрики за батерии, што е клучен дел за електричните модели. Ова е знак дека автомобилскиот сектор брзо се откажува од традиционалното гориво, бидејќи се заоструваат прописите за животната средина.

Daimler соопшти дека до 2025 година сите нови модели ќе бидат само со електричен погон, но не наведе кога планира да го запре производството на автомобили со класични мотори со внатрешно согорување.

Фото:  Facebook