До каде ќе оди златото? Прогнозите најавуваат нови историски нивоа

Цените на благородните метали продолжуваат да растат на светските пазари, поттикнати од геополитичките тензии и зголемената побарувачка за сигурни инвестиции.

Во моментов, среброто се тргува по цена од околу 2.312 евра за килограм, додека 24 каратното злато достигна вредност од приближно 142 евра за грам.

Експертите велат дека инвеститорите во време на глобална неизвесност често се свртуваат кон благородните метали, бидејќи тие се сметаат за „сигурно засолниште“ за капиталот. Зголемената побарувачка, заедно со нестабилноста на енергетските пазари и ризикот од нови економски потреси, придонесува за раст на нивната вредност.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку геополитичките тензии продолжат и инфлацијата остане висока, цените на златото и среброто би можеле дополнително да растат во наредниот период.

Дел од финансиските институции дури прогнозираат дека златото би можело да се приближи и до нови рекордни нивоа, бидејќи инвеститорите бараат сигурни начини за заштита на своите средства.