До крајот на деценијата, би можеле да станат петти најголем извозник на нафта во светот

90

Бразилската нафтена индустрија апсолутно експлодираше во последните години, а сега оваа земја од Латинска Америка дури може да се вклучи во листата на топ 5 светски производители.

За нешто повеќе од една деценија, најголемата економија во Латинска Америка стана водечки светски производител на нафта. На крајот на 2020 година, Бразил не само што извлече најмногу нафта на тој континент – во просек 3,03 милиони барели дневно – туку заврши и на седмото место меѓу најголемите светски производители, зад Ирак и пред ОАЕ.

Според бразилскиот министер за рударство и енергија, најголемиот производител на нафта во Јужна Америка ќе стане петтиот најголем извозник на нафта во светот, до крајот на оваа деценија. Бразилската влада предвидува дека земјата ќе испумпува 5,3 милиони барели нафта дневно до 2030 година, што значително ќе го олесни нејзиното зголемување на извозот.