
„Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа. Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, веке имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеке од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто. Никој граѓанин нема да биде оштетен, тоа се однесува и на сметките, рече првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски.
Во однос на снабдување со електричната енергија, податоците коишто ги имаме од нашиот најголем производител.. нивните производни капацитети се во добра кондиција. Ке произведуваат електрична енргија пред се за домакинствата и малите потрошувачи, додека останатиот дел на слободниот пазар си функционира непречено, рече Бислимовски.











