До совршениот пар чевли преку 3D скенирање

92

677ea6efd9e4db3113ee89d51dcfa337Дваесет и петгодишната Швеѓанка Каролин Валеруд заедно со уште двајца соработници создаде технологија преку којашто купувачите ќе си обезбедат пар на чевли што совршено се совпаѓа со нивните стапала, пишува Forbes.

Станува збор за 3D скенирање на стапалата, на кое Валеруд работи уште од 2012 година. Хардверот се состои од платформа на којашто купувачот треба да застане со цел камерите да направат 3D, волуметриско скенирање на секоја нога.

Софтверот на компанијата, чие име е Volumental, вклучува технологија од Intel и Microsoft, којашто ги мери сите точки потребни да се добијат податоци за формата на стапалото, што е тешко да се дознае користејќи ги традиционалните алатки.

Резултатите од 3D скенирањето веднаш се појавуваат на таблет што овозможува продавачот да понуди чевли според карактеристиките на клиентот.

Компанијата веќе има вакви скенери во Јапонија што се користат за да се развие апликација којашто ќе помогне да се изработат чевли според потребите на потрошувачите. Технологијата на Volumental веќе се користи за изработка на чевли по нарачка од страна на шведскиот бренд Falchenberg и германската компанија Scarosso, чија дејност е изработка на италијански кожни чевли базирани на 3D обработка на податоци.

3d-foot-scanning-tech-propels-caroline-walerud-of-volumental-into-forbes-30-under-30-list-03hardware-1200x728