Доаѓа замена за Мекдоналдс во Русија: Новото лого заинтригира многумина, еве што претставува

132

Поради руската инвазија на Украина, жителите на Русија трпат многу последици, а една од најзабележителните беше повлекувањето на бројните синџири за брза храна, меѓу кои и Мекдоналдс.

Пристапот до омилените хамбургери на Русите беше укинат уште во март, но откако Мекдоналдс објави дека засекогаш се повлекува од Русија, очигледно беше дека некој треба да ја пополни таа дупка на пазарот.

Sistema PBO, компанијата која управува со филијалите кои беа во сопственост на Мекдоналдс, го најави дизајнот на новото лого како најава за отворањето на ресторанот во недела.

Од компанијата велат дека се работи за хамбургер и два помфритa, а зелената позадина е избрана бидејќи „го симболизира квалитетот на производите и услугите на кои се навикнати нашите гости“. Покрај новото лого, ребрендирањето вклучува и промена на името, но сè уште не е официјално потврдено. Според рускиот весник „Известија“, од  Sistema PBO се предложени осум потенцијални имиња, меѓу кои „Истиот“ (Tot Samyi)  и „Слободна Благојна“ (Svobodnaya Kassa). BBC News побара изјава од PBO System, но не доби одговор.

Фото: Reuters