Доаѓаат два нови модели на Tesla -Маск има за цел годишно производство од 5 милиони возила

53

Годишното собрание на акционери на Tesla во 2023-та година вклучи важно соопштение за идните производи, иако со ограничени детали.

Накратко, Илон Маск најави две нови електрични возила за кои предвидува дека заедно би можеле да продадат повеќе од 5 милиони единици годишно.

Извршниот директор на Tesla беше таинствен за деталите за двете неименувани електрични возила, бидејќи би сакал да ги открие кога ќе дојде време, односно кога ќе се организира официјалната презентација.

„Сакам само да нагласам дека всушност правиме нов производ, всушност дизајнираме сосема нов производ“, рече Маск, додавајќи дека „има два нови производи кои ќе предизвикаат многу возбуда“.

Извршниот директор на Tesla даде некои смели тврдења, велејќи дека „и дизајнот на производи и техниките на производство се далеку пред конкуренцијата во индустријата“, создавајќи високи очекувања за акционерите.

Тој, исто така, предвиде дека само двете нови возила ќе донесат комбинирана продажба од „над 5 милиони единици годишно“, иако тој го огради тоа беше само негова претпоставка и на шега додаде дека „не го тужат“ ако тоа не се случи.

Маск не појасни дали тие „производи“ би можеле да бидат претходно најавени редизајн за Model 3 (Project Highland) и Model Y (Project Juniper), кои се очекува да влезат во производство во есента 2023-та и крајот на 2024-та година, соодветно.

Тоа го поткрепува и фактот што при неговото претставување на екранот се појави затемнет „тизер“ на силуета на возило што е многу слична на моделот „Y“ на „Tesla“, што ја намалува веројатноста дека се работи за сосема нов, помал електричен автомобил.